Никој нема да го смени договорот од Преспа

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за Независен:

-Ја читам изјавата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сè против договорот од Преспа и не можам да се изначудам. Не затоа што Мицкоски го зборува тоа што никогаш нема да го направи, тоа е разбирливо и не е ништо ново во политиката и во битките за власт туку затоа што овој универзитетски професор, доктор на науки и претседател на најголемата опозициска политичка партија, има сознанија дека сè уште има многу луѓе што веруваат во тоа. Мицкоски открил дека тука има сè уште доволно тесто за месење. Да не е така, не верувам дека толку упорно ќе ја повторува оваа голема лага во различни варијанти. Прво вети дека ќе направи подобар договор од овој кога ќе дојде до промена на власта во Македонија и во Грција, а потоа еволуира во тоа дека неговата партија ќе направи сè да го поништи договорот кој веќе ја однесе Македонија во НАТО и секој ден е поизгледно почнувањето на преговорите со ЕУ. Ваквата реалност, според анализите на Мицкоски, ништо не значи во споредба со примамливоста дека сè ќе смени кога тој ќе стане премиер.

Откако ќе формираме влада, ќе одиме чекор по чекор во промена на процесите од кои ниту еден во историјата не е еднонасочен туку сите процеси во историјата биле реверзибилни, вели Мицкоски во интервју за радио Слободна Европа ставајќи до знаење дека е целосно подготвен да биде премиер. И дотука со малку напор и со многу исчудување можам и да го разберам донекаде кога човек е подготвен да голтне и една таква бламажа во рингот на политичката пресметка. Но да оди дотаму, да вети реверзибилни историски процеси поразлични од оние што се во фаза на остварување, кажано во најблага форма, е лудо. Изгледа физичарот ги измешал поимите, па реверзибилните хидроцентрали кои ја враќаат назад водата од едно вештачко езеро во друго, па ги префрлил во историската наука, каде реверзибилни процеси се кога историјата се повторува, или како фарса или како трагедија. Враќањето назад во историјата е анахрон процес кој води кон распаѓање на Македонија.

Целата колумна на Независен на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e