Неуспехот на референдумот ќе значи крај за Македонија

Неуспехот на референдумот ќе значи крај за Македонија.

Не во некоја метафорична смисла, туку во најкатегорична смисла.

Физички крај.

Смрт.

Откачување од единствената орбита околу која можеме да се вртиме и да постоиме, без да не лапне гравитацијата на бездната или темнината на отворената вселена.

Европа е единствениот контекст, орбита, култура во која е можна Македонија, откако претходно државата ги потроши сите други опции и историски контексти: Југославија, комунизмот, авторитаризмот, независноста како идеја и страст, плурализмот и демократијата, левата и десната опција, умереноста и кретенизмот, ВМРО и СДСМ, кавгите внатре и кон надвор, се. Немаме веќе на што да се држиме. Внатрешна кохезија немаме. По неуспехот на референдумот ќе изгледае како говно на вентилатор.

Како што ќе останеме и без надврешни анкери ако ја пропуштиме оваа шанса.

Ако пропадне референдумот нема да има смена на власта, освен можеби смена на последната власт и инсталација на некој ликвидатор кој ќе има задача да се грижи за стечајната маса што ќе ја оствиме и за доверителите, се разбира. По нешто ќе добијат и некој внатрешни хохштаплери и злотвори, но, тоа што се вика народ, ќе добие курац, нормално. Нема да има никакви избори. Тоа ќе биде еден голем крај.

Луѓето си прават бајрам со умот, ќе правеле подобар договор за името, ќе го бутале Заев и себе си ќе се инсталирале во власта, и така по ред, еден куп дрн,дрн јарина, за сериозни работи, затоа ви предлагам да слушнете што ќе ви каже другарот Тричковски.

Имајте предвид дека во национална и државна смисла сме давеници на кои рака им пружаат Меркел, Макрон, Тгамп, целиот нормален и модерен свет, а ние како да викаме, не фала, ќе го почекаме таваришот Бачев.

Колку една нација треба да биде луда или хистеризирана за да постапува вака!?

Логиката дека преку референдумот може да се изврши радикална пресметка со Заев и со неговите политики, е кретенска и злосторничка поза. Ги наведов причините зошто мислам дека тоа е така. Тоа е како да го напаѓаш Заев на улица со скок од некој небодер, ако го погодиш со своето тело, може и да го убиеш, но тие шанси се во однос 1:0,0000000000001 отсто и тоа ако не дува ветер, додека шансите скотот да умре се милион отсто!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e