Навивачки трупи

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за „Призма“:

-Се сеќавам, имав некои пет години, кога баба ми нè седна во воз мене и мојот две години помал братучед и нè однесе на одмор во приморското хрватско гратче Опатија, на југот од Истра. Ова место го биеше добар глас дека има клима што е вистински лекар за проблематични синуси. Моите, додуша, беа добри, јас на одморот се шлепав покрај помалиот братучед, но баба ми имаше секогаш добри и убедливи аргументи („што ако е здрав, нека дише детето морски воздух, нема да му шкоди”) – и ете ме мене во возот на тогашните југословенски железници.

Сè тоа супер, ама… Ама, не беше баш толку идеално за мене, имав еден мал проблем. Да се разбереме, немав јас ништо против здравиот морски воздух и не дека не верував оти Опатија е супер во август, само што баш тогаш, на 14-от ден од коловоз поточно, тоа лето осумдесет и второ, почнуваше југословенската прва фудбалска лига, а никој од моите дома не можеше да ми даде цврсти гаранции дека и во Опатија ќе можам да слушам пренос на радио.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e