Навигација за Мицковски

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѓорѓи Спасов за Независен:

-Македонија имаше чест, првпат од својата независност, токму на тој ден кога пред 27 години беше прогласена независноста на државата, да ја дочека во прва официјална посета канцеларот на Германија, Ангела Меркел. Оваа најмоќна жена во светот, од земјата во која оди околу 50 отсто од вкупниот извоз на Македонија, од земја во која живеат над 100 илјади граѓани од Македонија, кои редовно испраќаат пари за своите семејства овде, од земјата која имаше клучно влијание врз демократските промени во Македонија и соборувањето на авторитарниот режим на Груевски, и од земја која, заради својата економска моќ, можеше единствено да изнуди некакви отстапки од Грција при склучувањето на договорот за добрососедство – дојде и ни порача дека поддршката на тој договор од наша страна не го загрозува македонскиот национален идентитет. Дека договорот е гаранција за отворање на патот на Македонија за членство во ЕУ и во НАТО, и ги повика граѓаните на 30 септември да не останат дома од кои било причини, туку да излезат и да се изјаснат со „за“ или „против“ на референдумското прашање: „Дали сте за членство на Македонија во ЕУ и во НАТО и за прифаќање на договорот помеѓу Македонија и Грција“.

На прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев, госпоѓата Меркел беше прашана што ќе му порача на лидерот на опозициската партија во Македонија, Христијан Мицкоски. Таа одговори дека ќе му го каже истото што му го кажала и на премиерот Заев. На 30 септември треба да се излезе и да се гласа на референдумот и Македонија да не ја пропушти оваа шанса за членство во НАТО и во ЕУ.

Мицкоски беше повикан на разговор во германската амбасада со Меркел и по разговорите, на прашањето што му кажала канцеларката, тој одговори: „Ова беше тет-а-тет средба со канцеларката Ангела Меркел. Не можам да кажам за што разговаравме. Ќе чекаме да добиеме навигација од членството за тоа кој ќе биде нашиот став во однос на референдумот“.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e