Насилството никогаш, ама НИКОГАШ не е решение. Без разлика на мотивот. Одмаздата не е правда. Никогаш не може да биде.
Нашата цел, нашата борба беше за да им овозможиме на институциите да ја спроведат правдата, а не за ние да ја земеме во свои раце. Од се’ срце, на Никола Тодоров му посакувам брзо опоравување. За да може да одговара за своите постапки пред независен и непристрасен суд. Секоја друга потрага по правда, неизмерно не’ оддалечува од нашиот пат.
Павле Богоевски
фејсбук статус