Народот не е слеп!

Ви пренесуваме дел од колумната на Џабир Дерала за Цивил Медиа
-Ни оддалеку немам намера да полемизирам со султанот на Левица, Здравко Савевски, што се појавил на Фејсбук во улога на бранител на нешто што не може да се одбрани, особено не на „другарчето на велешкиот Гебелс“. Единствено што успева да направи тој во својот пост, е лош обид да манипулира и лаже.

Како што кажав и во мојот РАФАЛ „Леви десничари… Фејкери!“, криво ми е што се радував на појавата на Левица, а не ги послушав оние што ме предупредуваа дека зад оваа партија се крие сѐ, само не тоа што го подразбира една политичка левица.

Савевски не се обидел ни еднаш (ама баш ни еднаш) да ги одбрани активистите од подмолните напади на неговиот сопартиец, фејкерот Апасиев. На тие напади ЦИВИЛ не е еднаш одговорил со отворени покани за него и неговата Левица на настани на кои се промовираше неговата партија, од чии позиции тој почна отворено да го критикува режимот, но само кога стана очигледно дека паѓа.

И пак ќе биде така. Немам намера да се мешам во изборот на темите на моите колешки и колеги во Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА.

Савевски на нашата отвореност и на добрите намери одговара со премолчана поддршка на спинот, лагите и клеветите против активистите на ЦИВИЛ и на други организации. Својствено на структурите за кои работат тој и грстот преостанати следбеници на неговата група.

Пак ќе кажам, многу ми е жал за македонската левица што не успеа да добие вистински политички експонент.

Убаво ви е името, другарки и другари, но треба да си изметете во дворот.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e