Најдете си адвокати, ама не од тефтерчето на Горде

Добро бе бандо недоквакана, зарем мислевте дека навистина во 21 век и во модерен свет вие можевте да направите пашалук? Зар не ве подучија вашите учители или навистина како што се велеше и школото едвај го имате завршено? Видете нешто навистина имавте многу војска ваша што однадеж ви откажа, но не, не вие треба да сватите дека тие луѓе сватија што вие сторивте за нив, против нив и дека вие се откажавте и ги зезнавте впрочем ги заебавте ги пуштивте низ вода за да вашето задно дебело месо остане недопрено. Јас посакувам сите тие кои веруваа во вас да ви вратат на начинот на кој враќал ВМРО, Ќосињата против вас предавниците не против праведните. Манифестот сте го прочитале? Или на часот по историја бегавте или имавте кецови, и онака знаеме дека бевте единичари класични па едвај завршивте и школо , дури и се дрзнавте од како бевте на власт да пак повторно лажирате и купувате школија. Во манифестот напишан во 1903 пишува :

Крушевскиот манифест се обраќа кон муслиманското месно население во крушевскиот регион. Иако е напишан во форма на обраќање до муслиманите – Турци, Арнаути (Албанци) и Торбеши, Манифестот едновремено дава и јасна слика за мотивите и целите на востанието, неговиот ослободителен и социјален карактер.

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крв и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нож, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнавне глава и решивне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода…

Ние без пушка сите заеднички сплотени, со перо во рака извојувавме победа. Ние докажавме и обелоденивме дека не осиромашивте и покрадовте и дека спроведовте тиранија во модерно време. Значи некој навистина искрено сакаше да создаде патриотска Македонија, каде целиот народ кој живее во неа без разлика на национална , верска и било каква припадност сака да се почуствува дека е чедо на Македонија. Еден човек успеа тоа да го спроведе заеднички со целиот обесправен народ и тоа во ова време, невреме а вие бевте бестијални копрофази кои од петни жили се трудевте да не втурнете во беда, очај и војна. Еј мислевте да наштетите на се што е свето, да наштетите на граѓаните и дечињата и да се случеше да нивните родители не бидат со нив да не ги изгледаат и да заедно создадат ИДНИНА. Еј тоа вие го пробавте за да се заштитите самите себе си, своите имоти, своите украдени пари, милијарди. Зарем никогаш не помисливте дека сето тоа ќе има крај и дека ќе одговарате? Затоа накратко ви препорачувам да си најдете адвокати, судии и се што ви треба но да не се од тефтерчето на Горде и Мијалков бидејќи тие нема ни да постојат веќе дури и нивните децата и внуците ќе се срамат од нив. Да си најдете одбрана соодветна , доколку се нафати некој на тоа. Одбрана за вас нема ни да има ама ај. Вашата одговорност е огромна и вашата штета е од невидени рамки и за сето тоа мора да одговарате. Овој народ сака да ви ги види лицата и да го види и лицето на правдата зашто заборавија што е тоа. Во Македонија ќе постои единство, ќе постои рамноправност, ќе постои живот и соживот. Сите ќе сме горди и радосни што Македонија ќе чекори напред, ама ќе чекори со вистински и чесни луѓе, Македонци, Албанци, Срби, Босанци, Власи, Роми и се што живее во Македонија, а и ќе се кажува Македонец. Нека ни е вечна слободата, долго очекувана!

Ангелчо Андоновски за А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e