Може ли Зоран да биде Вили во балканското гето?

Не велам дека Заев е Вили Брант, ама велам дека Северна Македонија може да биде пример за нов оптимизам во Европската Унија и дека конечно непријателите може да се помират, а напатениот балкански народ конечно да живее како сиот нормален свет.

Што значи тоа кога се вели дека нам ни е потребно етничко помирување? И дали потоа ќе може да живееме како „сиот нормален свет“? Не е лесно, ама може да го прикажеме примерот на Африка, која долго беше перципирана како земја со „етнички конфликти“. Добро, можеби примерот со Африка не е соодветен за „нашиот човек“, можеби сите сме во филмот на „фенси-шменси“ дискурси, можеби на сите ни се мили примерите на Данска и Холандија, или можеби Германија и Франција, ама сепак, не е на одмет да се вратиме повторно на некои „базни станици“ и да видиме што сме имале на некои други делови во светот кои никогаш не биле дел од нашата свест и поимање за работите и феномените во политиката.

Во 2019 година, Нобеловата награда за мир ја доби премиерот на Етиопија Абиу Ахмед за помирувањето со Еритреја по неколку децении војна. Потоа Руанда, погодена од трагедијата на геноцид од деведесеттите години, а денес е реинтегрирана нација, економски напредна, од неодамна и туристичка дестинација. Етиопија, Еритреја и Руанда, како приказни за тешко ранети постконфликтни општества, влегуваат по малку во глобализацискиот процес од заедничкиот наратив на помирувачката култура. Притоа се приклучуваат со популаризираните случаи, по примерот на Северна Ирска и евроинтеграциите кои ги предводи Германија и Франција, непријатели во неколку војни, а денес сојузници и главни столбови на Европската Унија.

Слободно може да кажам дека во овој наратив денес ја има и Северна Македонија: договорот од Преспа и Договорот со Бугарија мора да нè стави на мапата на земји кои се влезени во помирувачката култура на Балканот. Не велам дека ние како земја може да се споредуваме со Германија или со Франција, но велам дека намерата на оваа влада и на премиерот Заев е дел од таквиот процес; од друга страна, не велам дека Заев е Вили Брант, ама велам дека Северна Македонија може да биде пример за нов оптимизам во Европската Унија и дека конечно непријателите може да се помират, а напатениот балкански народ конечно да живее како сиот нормален свет.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e