Мизерната кауза на насилството

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски:

е сум гледал поглупаво интервју во мојата професионална кариера од ова на Христијан Мицкоски на Телма, на пет-шест дена пред закажаниот референдум. Математички прецизно кажано, во сите седумдесет и шест минути и четириесет и две секунди (нето, без реклами!), и покрај херојските напори на колешката Снежана Лупевска Созен, разговорот не мрдна подалеку од третата минута на оваа телевизиска инквизиција: Мицкоски, всушност, не само што нема сопствен став за клучните прашања на македонската денешнина, туку мисли дека баш така и треба. Каква огромна, конфузна, празнина на смисла, искажана во вистинска поплава од зборови!

Целата ситуација со недели е ужасно непријатна. Притиснато помеѓу јасните укажувања на меѓународната заедница и налетот на Заев кој им го збриша сонот за стогодишна власт, од една страна; и атавистичките, параноидни и политички радикални структури во партијата, од друга, раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема, а и не смее, и кога би го имало, да излезе со став по прашањето за макединската евро-атлантска интеграција. Бидејќи се покажа дека оние кои имаат став поинаков од повикот за бојкот на референдумот, добиваат смртни закани. Оваа вест е на големо, одглумено, изненадување на Мицкоски, кој и самиот, веројатно, е под таква закана.

Заканите, инаку, се составен, а можеби и клучен дел од стогодишната вмровска идеологија. Можеме ние комотно да почнеме со беспилотни летала да го населуваме и Марс за некоја година, но патетичната симболика на ножот и камата остануваат во суштината на привлечно-принудната моќ на оваа предполитичка организација. За да поверувате во тоа не мора да одите сто години назад во историјата, кога вмровците биле класично терористичко здружение со крвава трага од стотици убиени зад себе, некои на начин на кој и „колегите“ од ИСИС би „позавиделе“; денеска е доволно да вклучите која било телевизија што известува од судењата по предметите кои ги гони СЈО за да видите дека, онаму каде што не се конспирира за некој вид на пљачка, тогаш се разговара за како некој да се притисне, да се заплаши, да се уцени да соработува или да молчи за пљачката што е во тек.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e