Митаноски до Илиевски: Послушај го, барем уште еднаш, чичко Веле, симни се од небесата на заблудите…

Новинарот Веле Митаноски преку Фејсбук му одговори на Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“, кој ги повика граѓаните да бидат спремни, по обраќањето на Заев и најавата за избор на собрански претседател. Еве го Фејсбук статусот на Митаноски:

Боби, ти сi чедо на пријатели-угледни грагани на Охрид. Боби, сине, симни се од небесата на заблудите!

Наврати и се на мислата на Гете од Фауст: Човекот има две души, една која го воздигнува во небото, друга која го влече по земјата!

Препрочитај го уште еднаш Е.Хемингвеј: На највозвишените крстопати на животот, нема никакви знаци (и предупредувања), потребно е самиот да ги препознаеш!

Онаму каде што е љубовта, сине, таму не продира темнината! Таму каде се љубиме, никогаш не е мрак! Омразата ја храни одмаздата, простувањето не ослободува!

Послушај го, барем уште еднаш, чичко Веле: Ти се чедо кое ја минало школата на Супер Радио!

Чичко Веле, не те грди, само те советува: Не се пишува спремни, туку подготвени! Ти, нели се бориш за македонската кауза? Јазикот, деца, ни е последната татковина – ме учеше мојот даскал – горостасот од Небрегово, Блаже Конески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e