„Мистериозни лица“ му ги купиле пратениците на шпиц-миц, а судијата Панчевски, хејтерот, ќе оди на заслужена робија

УШТЕ НЕ ФОРМИРАЛ ВЛАДА, а Зоран Заев веќе редуцира министерства, администрација и јавни служби. Лајк! Без сомнение, од настапот на Заев, веднаш по конституирањето на Собранието, може само се потврдат претходните прогнози – тој ќе ја составува новата влада во која има место за сите што ја поддржуваат македонската евроатлантска агенда. Ако се суди по сигурниот настап на Заев, се спрема големо парламентарно мнозинство со стабилна влада. Лајк и за искрените, директни и недвосмислени одговори на провокаторите меѓу новинарите!

ВЛАДА ЌЕ ФОРМИРАЛ и шпиц-кандидатот Мицкоски. Овие избори биле најлоши во изминатите три децении. Заев… Да, Заев, Заев, па Заев… И мрак, мрак, мрак, па малку (татина) математика и повторно – мрак, цело време мрак… И така, заврши уште една бескрајна прес конференција на Мицкоски. За оставката што сите (освен СДСМ) му ја бараат не рече ништо. Па, влада ќе формира, нели? Само, тоа „мистериозните лица“ да не му ги „купат“ пратениците…

СЕПАК, СПОКОЕН почеток на првата, конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија. Нека ни е со среќа. На претходната конститутивна седница во 2017 година, најстариот пратеник Манојловски од ДУИ не добил зелено светло од Али Ахмети да ја води, бидејќи не можел да ја води на албански јазик. Потоа, се случи тоа што се случи. Беше 27 април 2017 година…

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e