Миле и Спире

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Секогаш кога функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со правдата, за да одговараат за криминалите и злосторствата што ги правеа во времето на Никола Груевски, државата се соочува со национална катастрофа. Па така е и со инцидентот во затворот Шутка, каде што поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, осомничени како дел од организаторите за нападот на Собранието на 27 април 2017, биле нападнати од други затвореници. Па кога уште ќе се појави и лидерот на партијата Христијан Мицкоски кого, замислете, не го пуштиле да го посети Милета во ургентниот центар на болницата „8 Септември“, националната катастрофа станува трагедија од епски размери. Како испаничено му викаше Мицкоски на обезбедувањето: „Голема ќе ја направиме!“.

Требаше на доктор Мицкоски да му дозволат лично да прегледува во ургентниот центар. И тоа сосе вмровскиот конзилиум предводен од доктор Игор Јанушев. И во присуство на јавноста пред камерите што го следеа. Оти, како вика Мицкоски: „Миле и Спире на мравка не згазиле“.

Не бре, не згазиле. Само седеле во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и на 27 април 2017 контактирале на моторола со тие што беа тргнати да го убијат Зоран Заев во Собранието. И беа убедени дека го убиле Зијадин Села. Во Собранието.

Гледате. Не било страшно и да се даде оставка. Како што си даде оставка директорот на затворот Шутка Ѓоко Котевски, оти не направил добра безбедносна проценка. Не затоа што на Спире му удриле шамар, а на Миле му текнало дека може му е скршена раката. Туку затоа што Миле и Спире не се во притвор поради „пиштење вриштење че има“. Или поради испраќање инспекции кај политички конкуренти пред избори. Не се ни за нарачка на „она на М“ од 600.000 евра. Ниту за она „да не е многу од жутите“. Туку за терористичко загрозување на уставниот поредок и обид за пуч.

Инаку, којзнае колку шамари се удираат по затворите. Ама никој не се потресува за тоа до толку за премиерот да бара оставка од директорот на затворот. Оти тие шамари не болат толку.

Целата колумна на СДК на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e