Мицкоски во улогата на Мис Стон

Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на присила, му пишува помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел на Христијан Мицковски.
Тоа е индиректно, но сосема јасно, изразен став, дека Соединетите држави го сметаат раководството на вмро-дпмне одговорно за атмосферата на закани со насилство, одмазди и други форми на присила, во која се обидуваат да го блокираат договорот со Грција.

Тоа е страшна шлаканица за раководството на партијата и за нејзиниот лидер, чин без преседан заедно со пораката дека САД се разочарани од позициите на челниците на вмро-дпмне и во однос на референдумот и сега во однос на собраниската расправа за уставните промени односно за договорот со Грција.

Второ, помошникот државен секретар ја повторува оценката на САД дека договорот со Грција е историска шанса за Македонија и дека подобар договор не е можен.

Тоа е најдиректно избивање на еден од конструктите на Мицковски и на неговата партија во карикатуралните тврдења дека ќе издејствувале подобар договор.

Нема подобар договор.

Крај.

Вес Мичел не случајно ги споменува долгогодишните единствени определби на сите во Македонија за евроатлантските интеграции. Вклучувајки ја тука и вмро-дпмне. Тоа е порака дека ниту една партија нема право да ја попречува реализацијата на таа определба во овој клучен момемт и затоа следи апелот и вмро-дпмне да се издигне над своите партиски интереси (кои во моментот се очигледно спротивни на декларираните идеали) и да ги поддржи уставните промени.

Што друго да се каже по повод ова, во суштина, драматично, можеби и без преседан, обраќање на многу висок претставник на американската администрација до еден партиски лидер во Македонија?

Ова писмо веќе е поместено во богатото досие на вмровското зло. Јас сакам да додадам: Времето кога киднапиравте американски госпоѓи за уцени и рекети е далеку зад нас. Се разбира, вие можете да мислите дека овој пат сте ја киднаприрале

Македонија, но ве уверувам дека се лажете. Вие сте самокиднапирани идиоти. Христијан како Мис Стон која сакате да ја трампате за Груевски. Не сте без шанси да се ослободите. Само треба да знаете да ги читате Вес Мичел и Бранко Тричковски.

Хахаха!

Да живее европска Македонија и Договорот со Грција.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e