Мицевска: Кој купува стан ако има дваесет илјади непродадени

Вие можете цело Скопје да го направите зграда до зграда, не велам не. Овие што инсистираат да градат на ливади и ниви ќе умрат за дваесетина години. Нивните деца ќе заминат. Тука ќе се гушат децата што ќе останат.

Јас впрочем не можам да разберам кој ПОЃАВОЛИТЕ купува стан во зграда без двор, клупа, небо. Кој купува стан залепен до станот на комшиите во соседната зграда. Кој купува стан во лошо изградена зграда. Кој купува стан во зграда протната на Уставен. Ок ок разбирам дека секакви нѐ има. Ама кој купува стан ако има дваесет илјади непродадени.

За кого ќе правите нови дваесет илјади? Впрочем, бетонот ги брка луѓето. Ќе остане градот како некои градови во сојузот. Празни згради, празен град.

НЕМОЈТЕ.

ФБ статус на Видана Бошкова Мицевска 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e