Мешајте, мешајте, ќе ви загори ајварот!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Според ескалацијата на речникот што е во оптек, се чини дека Христијан Мицкоски ја подготвува и својата партија и јавноста на две работи: набрзина да конституира некаква, колку-толку, одржлива причина за да ги бојкотира вонредните избори, кои стануваат сè поопиплива опција за продолжување на процесот за спроведување на Договорот од Преспа; но и да ја подигне сопствената политичка „пазарна“ цена во својата партија кај оние делови во кои тој го нема „контролниот пакет“ на влијание.

Свесен е Мицкоски дека оние кои ќе се зафатат да ја решаваат и оваа политичка криза ќе мора да отидат на неколку адреси, а не само на неговата – како на времето кога Кисинџер прашуваше има ли Европа еден телефонски број што може да се повика за став! – за на тие места да разговараат за условите за политичка „капитулација“ на ВМРО-ДПМНЕ под налетот на евро-атлантската перспектива за Македонија.

„Договорот од Преспа е мртов!“, репетира Мицкоски, ама знае дека тој не е надлежен за издавање на таа посмртница. Да, да, токму имајќи ги предвид референдумските резултати.

А, потоа, погледајте ги политичките компањони со кои Мицкоски ги споделува радикалните пост-референдумски ставови: тој, Бачев, Иванов, Вучиќ и Москва. И по обратен редослед да ги наброиш, друштвото е прилично депресивно.

Како стигна ВМРО-ДПМНЕ до ова дереџе? Како „најдобро чуваната тајна“ во партијата за идеолошко-политичката инспирација за бојкот на референдумот, доживеа комплетен стриптиз само два дена по референдумот? Па, не постои поголема анти-НАТО и анти-ЕУ коалиција од оваа во светот. Како им се случи на вмровците да станат главната српско-руска инсталација против западните интереси на Балканот, па уште и како „приврзок“ на Вучиќ кој сигурно му ги толкува на Путин референдумските резултати, од анти-ЕУ и анти-НАТО аспект на ВМРО-ДПМНЕ? Не му е срам на Мицкоски за шамарот што ѝ го влепи на Меркел лажејќи ја дека нема да работат на бојкот на референдумот?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e