Мемети кон Чулев: Па вие само за неколку месеци најоригинално не потсетивте што е и како функционира МВРО-ВМРО

Наќе Чулев намерно не постапуваше цел овој период додека траеше вонредната состојба.
Прво замижи за причестувањето со иста лажица, групирањето во Бигорски, потоа ниту ја спречи, ниту казни некого за литијата во Струга.
Потоа продолжи НАМЕРНО да не постапува за време на ифтарските вечери, иако луѓето воопшто не се ни обидуваа да се сокријат, туку онака најлабаво се собираа во групи и јадеа на маси поставени на улица, постираа слики на фб и тоа уште од првата рамазанска вечер па се до крајот.
Нигде не видов дека некој бил казнет, дури во Чаир ниту опомена не добил никој.
Зошто министре?
Така ви наредија? Од каде? од белата палата или од Будимпешта?
Свесен ли сте дека го загрозивте и го загрозувате јавното здравје на сите граѓани со непостапување?
Вака испаѓа дека за вас не се битни граѓаните, не е битно колку ќе има ново заразени, колку ќе има починати се само да нема избори, да не ви изгуби партијата.
Нели ви е жал за здравствените работници кои денонокно работеа и работат за да спасат што е можно повеќе животи, за нивните семејства кои со денови не ги гледаа?
Па вие само за неколку месеци најоригинално не потсетивте што е и како функционира МВРО-ВМРО.
Вие мора да одговарате за злоупотреба на службената положба и за непостапување.
Срам и арам да ви е.

ФБ статус на Замир Мемети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e