Мажоретките на ВМРО-ДПМНЕ

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

-Човек да не поверува, но раководството на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го соопшти ставот на партијата во врска со закажаниот референдум. А ставот е: дека идниот понеделник партијата ќе излезе со став во врска со референдумот. Тогаш и дефинитивно ќе одлучат дека со став за референдумот треба да се причека, додека не се направат сите анализи за градење на таков став. Кај и да е, се очекува опозицијата да изгради став по референдумската „направија“ некаде околу Нова година. Не оваа, идната. Кога Македонија веќе ќе биде и формално прогласена за членка на НАТО.
Со таквото деликатно чувство за историски тајминг, сегашното раководство на опозицијата реши да изврши политичко самоубиство. На домашен и на меѓународен план. Оти, да се калкулира со поддршката на историски одлуки кои за нациите, по општите скромни капацитети слични на македонската, им се укажуваат еднаш-двапати во векот, е рамно на, повторувам, политичко самоубиство. Па, не е ова прашање еднакво со дилемите за висината на данокот или за начинот на изборот на судии, да речеме; нерешавањето на ова прашање, за евро-атлантската иднина на земјата, може, на релативно куси историски патеки, да ве ослободи од потребата да имате политика во однос на даноците и судиите воопшто – бидејќи во неколку варијанти на таквата релативно лесно предвидлива иднина ќе нема ни даноци ни судии за кои ние, како држава, ќе треба да решаваме.

Сепак, да не сме престроги кон Мицкоски? Да не сме нефер, пристрасни, тенденциозни? Да не очекуваме тој да испорача нешто за што, реално, иако има формален мандат, нема суштински „управувачки“ капацитет?

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e