Маршот на мороните

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѕвездан Георгиевски за Призма:

-Деновиве, во главава интензивно ми се врти фамозниот расказ на американскиот автор на научна фантастика Сирил М. Корнблут (Cyril M. Kornbluth 1923 – 1958), насловен како „Малата црна чанта“ (The Little Black Bag). Станува збор за некоја далечна иднина, во која огромниот дел од светската популација е со коефициент на интелигенција не поголем од бројот на нивните чевли, додека пропорционално малото малцинство е нормално и паметно, односно има коефициент на интелигенција сто и над сто.

Интелигентните луѓе мораат да се преправаат дека се морони со идеја да ги држат мороните под каква-таква контрола, бидејќи им станува јасно дека ако го остават мнозинството да владее, тоа нема да донесе ништо добро. Кога сфаќаат дека паметта дефинитивно ќе биде поразена од глупоста, во некое сегашно време праќаат црна торба со најсовремен медицински сет, која ќе треба да помогне идиотизмот да се сведе во разумна мера. Се разбира, малата црна чанта доаѓа во рацете на идиотите од сегашноста…

Значи, се соочуваме со сѐ поотворен идиотизам, кој за тоа не е ни свесен – бидејќи тоа не му е ниту својствено на идиотизмот, што би рекол белградскиот колега Милош Васиќ. Идиотизам, се разбира, имало секогаш, но никогаш не бил толку отворен и самоуверен, што на подолг рок би требало да нѐ радува! Глупоста е леплива и неуништлива, но вака отворено видлива таа, сепак, може да се држи во некакви граници.

Ете, можеби лекот е во тоа и она малцинство на просечни и умни луѓе да се преправаат дека се идиоти за да ги држат идиотите под контрола. Проблемот е единствено во тоа дека во тој случај многу тешко се препознаваат вистинските идиоти во однос на оние камуфлираните.Додека Мицкоски го брани името на државата преку одбрана на силеџиите од 27 април, на медиумите се лиферува веста дека во Клиничкиот центар е примено 14-месечно бебе со тешки телесни повреди добиени од ќотек. Ете, тој или таа што го претепал(а) бебето, само го бранел(а) својот мир

Го гледам лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на таканаречениот Марш за Македонија во Струмица…

Колумната во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e