Македонска клетва

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

-Би било во духот на македонската традиција ако на 30 септември решиме да си пукаме во глава, за инает на власта што си пука во нозе.

1.Со која мисла се буди власта секое сабајле? Кога велам власт, мислам општо – од пратеници на мнозинството, преку министри, државни директори, градоначалници, советници од мнозинството, службеници во локалната власт… Си викаат: „Во која нога да си пукаме денеска?“

А премиерот Зоран Заев би бил пресреќен да може да ги собере сите негови и да им каже: „Слушајте, не се зафркавајте, оти отидоа гаќите“. Кога би можел и да даде наредба: „До референдумот замрзнете ги сите активности!“. И да ги замоли, ако веќе ги користат службените џипови за да си ги носат децата на плажа во Грција, да се стрпат до 1 октомври. И ако може до 30 септември да не владеат, оти кај нас под власт се подразбира лошо владеење.

2. А за хистеријата со комарците во Скопје, сакам да споделам лично искуство како власта се однесува со јавноста. Излегува портпарол на Град Скопје и вика дека се прскало против комарци, ама граѓаните не чуле, оти авионите биле тивки. Добро. Може и се тивки. Ама, на прашањето со кој тип авиони се прска, портпаролот вели дека не знае. „Прашајте ја фирмата што прскала“, вели. А кој ја ангажирал фирмата со  наши пари? И од каде знаете дека авионите се тивки, кога не знаете која марка се?

И видовме – не видовме, во редакција се фативме со истражување. Па на слики споредувавме регистарски ознаки на авионите, па ги споредувавме со списоците во регистарот на воздухоплови во УЦВП, за на крај да откриеме дека навистина станува збор за авиони кои се четири пати потивки од оние со кои се прскало до лани.

Зошто го правевме тоа? За да го истражиме тврдењето на Кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов кое самиот Кабинет не можеше да го потврди со факти. Оти, дојдоа неспремни на прес- конференција. А за волја на вистината, и новинарите не се баш спремни секогаш да бараат факти. Но, да се вратиме на службениците што се платени од нас за да дадат валидна информација, кои наместо да си обезбедат точни податоци, почнаа да се караат со сите кои се мајтапеа за тивките авиони. Нема вие што да прашувате, има да ни верувате.

Е тоа е таа ароганција и исмејување на секој што ќе постави прашање, што прави непотребна тензија, па едно обично прскање против комарци се претвара во глобален политички проблем со далекусежни геостратешки последици.

3. На 50 дена пред референдумот од кој ни зависи иднината на државата, со вакво, најљубезно речено несмасно владеење, во една нервозна атмосфера, нормално е дека и комарците ќе ги продлабочат поделбите.

Колумнара во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e