Логореични губитници

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Последното испитување на јавното мислење во Македонија – во форма на гласање на судиите во Уставниот суд – покажа резултат од 7:2 во поддршка на референдумот за Договорот од Преспа. Мислам дека е тоа прилично реална слика за односот на силите во општеството по повод дилемата за тоа какви се шансите за успех на претстојниот, историски, плебисцит.

Ако малку ги „оптегнете“ критериумите, би можело да се каже дека во таа судска сала седеше приближен „микро-пресек“ на македонското општество: етнички, политички, партиски, географски, родово… Додуша, не и генерациски (нема таму млади), но во таа сфера прореферендумското расположение е уште понаклонето кон успех на гласањето, отколку што просекот на годините старост на уставните судии тоа го покажува. (Ах, да, судииве ни се и нешто пообразовани од просекот на писменост во државава, ама па неписмените и онака имаат пониска излезност на какви било гласања за што било…)

Дополнително, дури и тажниот спој помеѓу Апасиев и Петров, поднесувачите на антиреферендумската иницијатива до Уставниот суд, е добра илустрација за ликот на опозицијата на референдумот, за таа националистичко-комунистичка комбинација на класични провокатори кои би сакале Македонија да ја вратат назад во времето и просторот, едниот до Апостол Павле, другиот барем до Француската револуција.

Апасиев разочарано заклучи дека судот дента гласал „политички“, а не „правно“, што е точно она што овде сакам да го прогнозирам: македонската јавност, имено, со чувство за ПОЛИТИЧКАТА РЕАЛНОСТ во историскиот момент во кој живее ќе излезе да гласа за поддршка на референдумското прашање.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e