Лазов: Единствена мерка која можат дечките од ВМРО-ДПМНЕ да ја понудат е извртување на вистината

Велат позади добар коњ голема прашина се крева. И така изгледаат критиките кон Мила Царовска.

Сите знаеме да ја употребиме изреката “не суди ја книгата по корицата”, како демек сме многу паметни, но ретко кој всушност ја чита книгата.

Се плашат или од инает е ќе видиме …

✅ За 2 години власт ја покачуваме минималната плата на 14.500 дрнари (за 12 години во време на ДПМНЕ едвај до 9.000 денари стасаа)

✅ Изгласан предлог закон на Владина седница за субвенции до 100€ за повисоки плати во приватниот сектор

✅ На 200 милиони евра зголемен буџет за најранливите семејства

✅ Обесштетени над 11.000 стечајци кои беа заборавени во време на ДПМНЕ

✅ На младите се помага во професионално надградување во ИТ обуки со буџет над 35 милиони денари

✅ Детски додаток земаат над 22.000 деца

✅ За поввозрасните се издвојуваат скоро 11 милиони евра за развој на социјални услуги на локално ниво

✅ Зголемени плати за вработените во градинките и социјалните работници за поголема грижа и мотивација ( со над 20% зголемување)

✅ Се градат нови детски градинки и се реновираат старите

✅ Поддршка со 10.000€ за отварање сопствен бизнис

✅ Нов закон за практикантство со кој праксата на младите станува платена

✅ Над 9.500 млади се дел од младинската гаранција која нуди сигурно вработување

✅ Рекорден пад на невработеноста

✅ Социјалната помош е зголемена за 300%

Итн. реформи и мерки се со цел помош за граѓаните и зголемување на стандардот на живот.

Со сите овие реформи придобивки и придонеси добиваат повеќе од 300.000 граѓани. И застануање нема.

Единствена мерка која можат дечките од ВМРО-ДПМНЕ да ја понудат е извртување на вистината а, како што сами рекоа еднаш, таа е како шило која секогаш ќе им се удира од глава …

Ако е за инает можеме сите да зборуваме, против, но не е така.

ФБ статус на Владимир Лазов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e