Крајот на ВМРО-ДПМНЕ

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Џабир Дерала за „ЦивилМедиа“:

-Се случи тоа што подолго време се наѕираше. Мицкоски ја истера агендата докрај, го дотолчи политичкиот дијалог и му нанесе тешки штети на македонскиот од кон европската иднина.

Сите процени на карактерот на Мицкоски и кликата околу него, предвидувањата, анализите и предупредувањата се докажаа како точни, особено по неславниот распад на серијата Лидерски средби. Овие денови увидовме многу сличности меѓу Груевски и Мицкоски. Веројатно сега Мицкоски потскокнува од радост и разнеженост за оваа споредба, за која веднаш морам да кажам, се однесува на ниски морални и политички вредности.

Да се потсетиме… Во текот на преговорите во Пржино, Груевски се однесуваше кукавички и нечесно, се трудеше да ја спаси само кожичката своја и на оние што мора да ги спаси, затоа што тоа додатно ќе го штити. Тој и братучед му ги употребија сите валкани и уличарски трикови што можат и не можат да се замислат во политиката. Преговорите ги водеше меѓународниот посредник и експерт Питер Ванхауте, за Груевски да го прогласи за персона нон-грата среде преговори, му се закануваше со клоци од јавна говорница, што му даде уште време. Или, поточно, меѓународната заедница, инсистирајќи тој да биде рамноправен учесник на преговарачката маса, му дадоа одлични, па и надмоќни позиции да се одбрани. Потоа, посредници беа амбасадорите на ЕУ и САД кои покажаа ретка посветеност, но и беа лимитирани со дипломатско-политички рамки и правила што му одеа во прилог на Груевски, а на штета на демократскиот процес.

Колумната на Дерала во целост прочитајте ја на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e