Костадинов: Секој кој ќе се дрзне да заработува на маката на земјоделецот ќе се соочи со сериозни санкции

Почитувани мои сограѓани земјоделци, деновиве како волонтер одам и покрај тоа што помагам, ги слушам и проблемите и маките ваши.

Знам дека повеќето трговци на земјоделски производи имаа разговор со министерството за земјоделие, на кој се договори дека реалната цена и цената под која не смее да падне зелката е 15 денари по килограм.

Денеска повеќе од стотина земјоделци ми се јавија и ми кажаа дека тоа што е договорено, не се почитува.

Испраќам јасна порака!

Ова е време кога мора да бидеме солидарни, ова е време кога мора да се поддржуваме, ова е време во кое е недозволиво никој, ама баш никој да профитира на маката на граѓаните, во конкретниот случај на маката на земјоделецот кој со многу голем труд си го заработува лебот.

Разговарав со министерството и со ДИЗ од утре започнуваат инспекциите и контролите, секој кој ќе се дрзне да заработува на маката на земјоделецот, ќе се соочи со сериозни санкции и секако одземање на лиценците за работа!

Ова е време за одговорно однесување, ова е време кое бара високо ниво на дисциплинираност, умереност, човечност…

ФБ статус на Костадин Костадинов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e