Костадинов: ДПМНЕ не дозволи на комисија, да се отворат законите за Отпис на КАМАТИ и репрограм на долгови на граѓаните

ДПМНЕ заглавени во нивната режимска матрица, денеска преку нивната пратеничка Лилјана Кузмановска не дозволи на комисија, да се отворат законите за Отпис на КАМАТИ и репрограм на долгови на граѓаните.

Да почитувани граѓани, оние кои ве задолжија, оние кои ве натрупаа со камати денеска се противат да истите тие камати ви бидат избришани.

Недозволиво е и крајно нечовечки да се ситиш на маката на граѓаните, но тоа е режимската дпмне.

Ќе направиме се што е во наша моќ, да ги деблокираме законите и конечно да ставиме крај на натрупаните камати.

Апелирам да ја следите ситуацијата, да бидете во тек и да знаете со какви монструозни анти државни делувања од страна на дпмне се соочуваме сите.

Сигурен сум дека ние, граѓаните тоа го препознаваме и на 12 ти Арил ќе го поразиме силно, остатокот од режимот кој не демне и нас и нашата држава!

Фејсбук статус на Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e