Колемишевски: Да им ја одземеш иднината на луѓето е веќе официјална доктрина на сите влади предводени од ДПМНЕ

“Генијалните” економски умови во ДПМНЕ го предлагаат следново:

Втората мерка е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата, во висина од 10 милијарди денари кои биле предвидени за оваа година, а веќе во јануари и во февруари една и пол милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб, да бидат веднаш пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедат дополнителни осум и пол до 10 милијарди денари.

Или во превод, сакаат парите на 515.000 луѓе во износ од 160 милиони евра, ДА ИМ ГИ ЗЕМАТ на луѓето од нивните ЛИЧНИ СМЕТКИ и да ги пренасочат во државниот пензиски фонд.

Да им ја одземеш иднината на луѓето е веќе станато официјална доктрина на сите влади предводени од ДПМНЕ. Така беше и во 2001 и 2008 и СК 2014! Ја задолжуваш државата со милијарди евра за фасади, споменици и жални врби, а денес да предлагаш ОДЗЕМАЊЕ од пензиите на граѓаните е безобразно и крајно несериозно.

ФБ статус на Кирил Колемишевски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e