Кој ќе преживее, ќе наебе

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, има уште 16 дена за размислување и за консултации со народот, па на 10 септември, точно напладне во 12 часот и една минута, ќе ѝ приопшти на јавноста на која страна ќе тргне тој и партијата му.

Она што досега го кажува челникот на ВМРО-ДПМНЕ е на прв поглед многу сложено и неразбирливо, но на крајот станува ептен јасно. Комплицирано е затоа што Мицкоски е против договорот со Грција, а со душа и со срце е за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО. Знае дека едно без друго не оди, но сака нов подобар договор. Не е можно да се направи, ама можно е да се вети. Мицкоски е против промена на името на државата, сепак со задоволство би прифатил ако онаа додавка „северна“ е пред Република, никако до Македонија. Мицкоски е за референдум, ама само ако е ВМРО-ДПМНЕ на власт, па да се организира како треба за 102 отсто излезеност. Мицкоски за жива глава не поддржува уставни промени, ама ако референдумот биде успешен ќе ја спроведе волјата на народот и ќе се смени Уставот едногласно во парламентот. Мицкоски не повикува апла на бојкот, ама не кажува да се гласа ни „против“. Неговите најблиски соработници при јавно изјаснување навиваат повеќе за бојкот, отколку за Вардар, малкумина се „против“, а никако „за“.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e