Ќе се повтори ли крвавиот четврток

Разбирливо е сите овие луѓе да се бранат од затворска казна кој како знае и умее, колку што е разбирливо истрагата да ја открие вистината кој го организираше државниот удар на 27 април и да ги открие сите виновници и сите насилници кои ги окрвавија рацете. Она што воопшто не е разбирливо и што претставува еден вид соучесништво во овој најсрамен чин за парламентарната демократија што и натаму јавни личности и функционери на ВМРО-ДПМНЕ не само што не го осудуваат ова злодело, туку го воспеваат и со притисоци и закани ја попречуваат правдата.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој, исто така, на 27 април бил во групата и можеби трчал низ собраниските ходници сакајќи да лови непријатели денес бесрамно изјавува дека таму му било местото. Или колкава е бруката на оној блазиран пензиониран професор од Правниот факултет, кој се скри во глувчешка дупка по настаните од 27 април и кој ги повика демонстрантите покажувајќи им дека парламентот е на само 50 метри од нив и дека таму треба да одат.

И тој требаше да седи на обвинителна клупа и да одговара за подбуцнување на државен удар и крвопролевање. Како да се разбере еден друг универзитетски професор, кој предава на угледен светски факултет во Њујорк и е член на МАНУ? Замислете, академик кој оправдува државен удар и крвопролевање, нарушување на човекови права, бара слобода за осомничени за тешки кривични дела, оправдува насилно попречување да се конституира парламентот. Вакви ли работи предаваат професорите на славната „Колумбија“.

На Македонија ѝ се случи крвавиот четврток на 27 април 2017 година затоа што првиот чин во истото Собрание на 24 декември 2012 година – црниот понеделник, кога беа тепани опозициски пратеници од тајната полиција повикани од тогашниот претседател Трајко Вељановски и кога беа насилно отстранети од работа новинари, остана неказнет и помина како тоалетна хартија. За тоа злосторство никој не беше казнет. Ако така заврши и овој обид за уривање на општествениот поредок и за обидите за убиства на пратеници нема пресуди, следното крвопролевање во Собранието „крвав и црн петок“ ќе се случи со многу потрагични последици. Се разбира, ако дотогаш имаме Собрание

Колумната на Ерол Ризаов за Независен весник во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e