Карање, меѓусебни тепачки, групирања, забави…од Мизрахи и приврзаниците во Крушево?

Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево?
И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на ,,Гумења” моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите.
Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода?
Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?
И покрај неколку мои укажувања, предупредувања, повици, сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот ,,Илинден”.
Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.
Крушево е град музеј, со богата историја, култура, традиција, не смееме да дозволиме поединци да предизвикуваат и ставаат црни дамки и лоши впечатоци кон оние гости кои не посетуваат во огромен број секоја година.

ФБ статус на Томе Христовски, градоначалник на општина Крушево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e