Јовановиќ за Мицкоски: Не поседува грам харизма, а тежи купишта демагогија

Ги собрал Мицкоски своите кловнови, па обвинува за мафија, режим, заробена држава, прислушување… А во позадина се штелува толпата од некој грлат “професионален патриот”: “така ееее”/”мафија на робија”/”Заев е крив”/”Заев е штетник”/”Заев е предавник”/. Не е проблем во државата Заев, проблемот на државата е што не може да се справи со намесниците на Груевски. Проблемот на државата е што нема политичка опозиција. Имено, обвинува Мицкоски за мобинг, а сите знаеме дека нема реваншизам; од лично име сведочам за тоа како вмроовци ми велат, цитирам по сеќавање: “сега се работи и живее многу растеретено за разлика од претходно”.

Натаму, Мицкоски обвинува за прислушување? Во нивно време се прислушуваа 22.000 граѓани (југословенската УДБА може вода да им носи); овинуваат за киднапирање на Обвинителството, а најголемите случаи не само што се решени, туку се и’ во постапка. Судењата течат, рочиштата се одвиваат. Вели Христијанинот исконски и библиски: “лозарите мака мачат”. Сето грозје, колку што сум информиран, на лозарите ќе им биде откупено до последно зрно.

Може, почитувани пријатели, во оваа земја да се родил и Бизмарк или Черчил, ама попусто, оти кутриот не може да исплива на опозиционата сцена октроирана од намесниците на Груевски: Мицкоски и неговите компањони. Оти знате какви се кога ќе се фатат за нешто: држат, па не пуштаат! Да нема опозиција, само тие да бидат, само нив да ги има. Па кога човек ги критикува најчесто се тврди на уши, а меки на умот.

Мицкоски – а тоа е типично за сите третолигашки политичари – не е важно дали го бива или не, важно му е дека во јавноста го има. Не му е важно ниту дали е препознат по добро или лошо, важно му е да го има. Таа е логиката на нашиот пропаднат опозиционен политичар: не поседува грам харизма, а тежи купишта демагогија.

Важно му е да го има, љуби га мајка!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e