Јовановиќ: Шекеринска ја браниме затоа што е жена борец, затоа што пратеник не смее да навредува жени

Кога ја бранеа Мизрахи, демек заради ширење на мизогинија, шовинизам и омраза, посреде дереа по Тричко; Тричко беше таргет, не Мизрахи; кога денес ја браниме Шеќеринска, не ја браниме затоа што е од СДСМ, ја браниме затоа што е жена, затоа што пратеник не смее да навредува жени, нема ни мукајет од феминистки, активистки, борки за женски права.

Женски права се човекови права; човековите права се женски права. Шеќеринска е жена борец во машки свет со децении. Мизрахи ја премолчев бидејќи не ми е јасен нејзиниот активизам. Шеќеринска е вредност и таквата вредност секогаш ќе ја поддржам. За Шеќеринска се’ човек знае, и каде била и што правела во политиката. За Мизрахи човек нема појма ни каде била, ниту што правела.

И тука знак на равенство ниту смее, ниту може да има. Единствена енигма ми се феминистките-фундаменталистки кои вака феминизмот го разбираат: мажот е брод, а жената е танкер. Тјах!

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e