Јовановиќ: ДУИ не е повеќе најважен и најединствен политички фактор за граѓаните Албанци

ДУИ не е повеќе најважен и најединствен политички фактор за граѓаните Албанци. Верувам дека со „демонополизацијата“ во Албанскиот блок, Беса, Алијанса и Алтернатива, ќе понудат подобри идеи и концепти за граѓаните Албанци од досегашните на ДУИ.Добро е што СДСМ освои најмногу пратеници, бидејќи граѓаните на оваа земја покажаа во кој правец треба да се движи земјата, а тој правец е јасен: кон Запад, кон Европа и кон НАТО; тој правец исто така е важен затоа што е, и ќе ни понуди – економска стабилност. Кога велам „економска стабилност“, пред се’ мислам на нашите стратешки сојузници и пријатели. Едно е да бидеш поддржан од „чичко Стојан“, а сосема друго е да бидеш поддржан од Германија, Франција, Британија или Америка. Тоа е многу важно во политиката. Во политиката е најважно да имаш пријатели на важни места и во важни држави.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e