Извинувањето на Мицкоски до народот

Извинувањето на Мицкоски ќе влезеше во аналите на македонската најнова историја ако беше искрено покајување за неправдите, гревовите, криминалот и корупцијата на партискиот врв направени во 11 годишниот режим на Груевски.

„Сакам јасно и недвосмилено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено. Тие во ВМРО гледаат личен интерес, а јас во ВМРО-ДПМНЕ гледам кауза“.

Овие зборови на Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО- ДПМНЕ искажани јавно во неговиот  илинденски говор во селото Ташмаруништа ќе влезеа во аналите на македонската најнова историја ако беа искрено покајување за неправдите,  гревовите, грешките, криминалот и корупцијата на партискиот врв направени во 11 годишниот режим на Никола Груевски и неговите најблиски соработници, а не на „тие луѓе“. Извинувањето ќе беше вистински потег ако се однесуваше и за блокадите во изминатите три години кон добрососедските односи и европеизацијата на Македонија и усвојувањето на западните вредности.

А, кои се тие луѓе што ги направиле неправдите и грешките. Тоа се сите оние кои деновиве бараат одговорност од него за резултатот од изборите. Тоа се, како што рече Мицкоски, товарот на ВМРО- ДПМНЕ, тоа се вмровските јаничари. Еве што за нив кажа Мицкоски: „Тие самопрогласени морални судии ја глумат совеста на општеството и истураат омраза, создаваат делби, провоцираат, а всушност се маска зад која се крие немоќта на естаблишментот на власт вистински да се справи со проблемите.

Оние кои денес се товар во ВМРО душмански жестоко се обраќаат кон ВМРО. Целосно свесен за нивните постапки од минатото, и целосно свесен дека токму овие жестоки појаничарени јуришници на власта беа и товар на партијата, сакам јасно и недвосмислено да истакнам дека јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ му се извинувам на народот за сите грешки и неправди кои овие луѓе ги имаат направено”.

Кои луѓе се лажните величини

Според Мицкоски тоа се лажни величини кои се воздигнуваат на ранг на морални судии, а кои по својата основа се гнили, погрешни примери и кои доколку се компарираат со вредностите на западниот свет кон кој се стремиме се апсолутно маргинални, ќе бидат отфрлени и неконкурентни.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниот ЛИНК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e