Изборна кампања: Овде завршува реалноста за ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ Ante portas! Македонските националисти, конзервативци и популисти се надеваат дека повторно ќе се врати деценијата на најдолгото владеење со државата 2006-2017. Тогашниот режим на Груевски, меѓународната заедница го окрактеризира како класичен систем на „хибридна и површна демократија“. Тој систем ги воспостави сите демократски институции, но ниту медиумските слободи, ниту владеење на правото не функционираа во таа „заробена држава“. Клиентелизмот и строгиот реваншизам беа главни принципи на политичката игра со партиските сојузници и бизнис фелата.

Партизацијата на работните места беше резервирана за пониските слоеви. Нема сомнежи дека Ханибал повторно гаи илузии да го освои Рим и да си поигра со државата, демократијата и нашите европски соништа. Во кампањата ги манипулираат граѓаните дека „Заев ја предал и продал државата и името за пусти пари“. По дедукција, следниот чекор би бил: „Доколку дојдеме на власт, нема да го почитуваме, а ако може и ќе го поништиме Договорот од Преспа“. „Ќе им брцнеме во очите на сите оние од Брисел до Вашингтон кои им аплаудираа на Заев и Димитров“.

Се прашуваме од каде потекнува таа деструктивна силна желба да се урне едно сериозно дипломатско достигање кое ги надминува не само билатералните туку и регионалните рамки. Можеби овие виртуелни амбиции произлегуваат од болната амбиција за да се освои власта по секоја цена? Тоа би бил како супер-бинго добиток на Лото и за фрустрираниот Груевски и за неговиот подизведувач.
Целата колумна на Нано Ружин за Независен на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e