Инаетот не е политичка стратегија

Повторно една неверојатна дилема во Собранието: во услови на светска пандемија, кога десетици парламенти во светот, меѓу кои и во најстарите демократии, поминаа на можноста работата на пратениците да може да се одвива и со онлајн присуство на седниците на пратениците на собраниските или комисиските расправи, кај нас се отвора бескрајна расправа дали за да се примени тоа практично, иако приинудно технолошко решение, треба да се менува и Уставот на државата?!

Додека Илон Маск напреднато развива програма за колонизирање на Марс веќе за оваа генерација Земјани, нашите собраниски расправии се како во средниот век. Врвното тело во државата кое ги крои или одобрува политиките за што поголем број граѓани да можат да работат од дома, ќе се туфка со месеци дали пратениците се Вонземјани кои мораат да креваат рака за да се јават за дискусија и да гласаат за предложените закони само со физичко присуство на заседанијата. Еден превеан демагог дури вика и дека ако не се смени Уставот, може сите онлајн дебатирани и изгласани закони, во иднина – кога тие ќе дојдат на власт, разбира се – да се прогласат за неважечки!

А со оглед на трендовите со вирусната зараза, не само што Собранието мора што побрзо да премине и на работа онлајн, туку треба да се подготви што ќе се случува со Домот на демократијата ако десетици – а не само два-тројца, како сега – од актуелните пратеници покажат симптоми на заразеност? Ќе останеме без функционално Собрание со месеци, можеби дури и до пролет?!

Политички, тоа е блокадата што ја посакува и на која работи опозицијата. „Колку полошо, толку подобро“ е, сè уште, нивната единствена стратегија за државата. Како со Македонија да владее некаков странски окупатор, а не легално избрана власт на демократски избори кои сегашната опозиција ги губи во неколку последователни циклуси. Како оние кои гласале за опозицијата на изборите да не се обични граѓани кои имаат право на нормален живот и кога не е нивната опција на власт. Како сите да треба да сме постојано во ровови, со гас-маски на лицата и со бајонети на пушките, на штрек кога ќе стигне командировката за следниот јуриш, со трчање преку минско поле, за симнување на „ненародниот режим“ од власта!

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e