Христијан е на колена!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Морам да признам дека секој нов ден поминат со политичарот Христијан Мицкоски носи сè поголеми изненадувања. Земете го, на пример, последниот, викендашки антиреферендумски митинг во Штип…

Во еден момент на обраќањето, Мицкоски го направи следното: „Ми велат, никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба“… И Христијан се тргна од микрофонот и на бината буквално клекна, на колена, пред собраната маса од околу илјада следбеници, со десната рака држејќи се во пределот на срцето, па така клекнат и се поклони.

Технички, ако лидерот – оној кој треба да предводи! – е на колена, „следбениците“ (глагол: да следиш) не можат да тргнат по него, бидејќи одењето на колена не води никаде, освен итно на ортопедија. Затоа и се избегнува како практика во историјата на политиката. На колена клекнувале оние на кои требало главата… како да кажам… насилно да им се одвои од телото, обично со некое остро орудие. Такви клекнувања во историјата имало илјадници. Но, тоа не беше намерата во Штип.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e