Граѓаните гласаа за европска Македонија, а не за натпревар на петли

На овие парлементарни избори големото мнозинство гласови е дадено за европска, демократска, мултиетничка и модерна држава. СДСМ со Беса, ДУИ и Алијансата на Албанците и ДПА кои се залагаа за реформи и старт на преговори за членство во ЕУ преку почитување на основните критериуми за остварување на оваа стратешка цел како што се Преспанскиот и Охридскиот договор и договорот со Бугарија, добија 73 пратенички места во Собранието. Тоа е неприкоснованата воља на големо мнозинство на граѓаните кои сега очекуваат што побрза реализција на тие цели. Ако се следи таа елементарна логика Македонија на самиот почеток на август согласно сите законски процедури би требало да има влада која итно ќе се нафати на работа за превенција на најавениот нов удар на короната и подготовката на меѓувладината конференција за старт на преговори за членство паралелно работејќи на контурите на бројните крупни реформи во  областа на владеење на правото. Должноста на одговорни полтичари е оваа реалност исцртана од вољата на граѓаните да биде во целост испочитувана.

Ако внимателно се прочита изјавата од Брисел потпишана од Борел и Вархељи таа укажува на токму вакви очекувања од нашите пријатели во ЕУ кои после толку години надежи и ветувања ја отворија вратата за влез на Македонија во ЕУ сега со очекувања дека ние конечно ќе можеме да ги испорачаме барањата на ова најелтино, во секоја смисла, друшто во светот. Едноставно никогаш не сме биле поблиску до остварувњара на стратешките цели и надежи на граѓаните како што е тоа случајот сега по овие парлементерни избори. Ако има државници, полтичари кои навистина се загижени за доброто на ова општесво и неговите граѓани би се фатиле веднаш за работа бидеќи за тоа се создадени сите предуслови.

За жал наместо државничко однесување деновиве сме сведоци на демонстрација на суети од маалски карактер од страна на поединци кои во детството очигледно немаат победено ни на брканица, а не пак на фудбал на мали голчиња.

Целата колумна на Борјан Јовановски за Нова ТВ на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e