Горан Михајловски: Али Експрес

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

И така, превозбудени од историските теми, патриотите заборавија да се загрижат дека иако им симнале од сметката 500 милиони долари за изградба на две делници автопат, градежните работи се сопрени оти кинеската компанија на делот кон Охрид ја утнала трасата, а на делот кон Штип македонската влада не ги решила имотно правните спорови.

Ова ти е како кинески производ што се нарачува на Интернет. Па не знаеш што квалитет ќе добиеш. Може да е добар, а може да е и лош. И не знаеш кога ќе стигне. Груевски како да ги нарачал автопатиштата преку Али експрес. Со продолжен рок за испорака. И со дополнителни трошоци за испорака. Плус провизија.

Да не е многу?

И после, оди верувај им дека концесионерите што истражуваат руда и отвараат рудници низ источна Македонија имале елаборати за еколошки стандарди. Па ги набедуваат и граѓаните што организираат референдуми против рудниците дека тоа го прават од хир. Владата на Груевски дала концесии за истражување руда во 22 општини во источна Македонија. Е па, ако ветеното запазување на еко стандардите од инвеститорите е исто како запазувањето на трасата за автопатите, треба Груевски и цела клика околу него по казна да живеат во источна Македонија и да не мрднат од таму ни преку граница до Бугарија.

Туку, сме имале среќа дека и таа нуклеарната програма не ја развиле со партиските кадри за кои слушнавме како се договараа на телефон. Или, можеби веќе ја развиле?

Целата колумна на СДК на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e