Гајтанот за Мицкоски нема да биде многу свилен!

Актуелни и поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено бараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски поради поразот на парламентарните избори, а тој ги нарекува потрошени кадри, се оградува од нив и до последен момент се надева дека ќе преговара за состав на идната влада.

Довербата што му ја дадоа извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на претседателот Христијан Мицкоски да преговара за парламентарното мнозинство не ја смири атмосферата во најголемата опозициска партија. Во и околу неа деновиве е зовриено по јавните повици за негова оставка од повеќе сопартијци како што се Митко Јанчев и Ивица Конески, како и од исклучениот Сашо Мијалков. Во некои од пораките што стигаат до Мицкоски дури има и закани дека тој може да биде и насилно сменет. Мицкоски во илинденскиот говор неговите критичари ги нарече „појаничарени јуришници на власта“.

Јанчев и Конески не го делат мислењето дека Мицкоски и покрај поразот за двајца пратеници го има кредибилитетот да преговара за состав на новата влада, при што кавадаречкиот градоначалник Јанчев најави и дека ќе ја преземе партијата, па се дообјасни дека тоа ќе го стори на конгрес. Поранешниот директор на ДБК, Мијалков, сега обвинет за незаконско прислушување, му порача на Мицкоски дека ќе го почека да состави влада, па ако не успее, ќе мора да сноси одговорност. „Мицкоски не заслужува да биде на чело на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Мијалков.

Целата колумна на 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e