(ФОТО+ВИДЕО) Како во 7 чекори еволуираше “сјајната” кариера на “пропаднатиот спортист”?!

  1. ТЕРЕТАНА I ДЕЛ: На 4 април, на социјалните мрежи се појавија слики и видео на кои се гледаше како Христијан Мисцкоски илзегува од теретана во услови кога со одлука на Влада од 14 март беше забранета работа на теретани, кафeтерии и кладилници заради пандемијата со коронавирусот. Реакциите беа бурни, а на социјалните мрежи беше критикуван заради своето самоволие, ароганција, непочитување на мерките и привилегираност. Додека сите седеа дома, дали само тој мораше да одржува кондиција?!

  1. ПРАВДАЊЕ: Следниот ден сопственикот на теретаната на социјалните мрежи објасни дека е точно дека Мицкоски бил во теретаната и се задржал 40-тина минути, ама само си ја земал опремата која му била таму, а тоа е секако доста долг процес.
  2. 4 ДЕНА ПОДОЦНА, ПЛАНИНАРЕЊЕ НА ВОДНО: И таман кога помисливме дека лекцијата е научена, на 8 април на социјалните мрежи повторно се појавија фотографии од Мицкоски како во група се движи по падините на Водно. И додека целата јавност вклучувајки ги сите влијателни лица секојдневно со свои примери апелираа до граѓаните да останат дома, да носат опрема, да се дистанцираат, лидерот на опозицијата го промовираше токму спротивното.

  1. ТЕРЕТАНА II ДЕЛ: 25 април, на социјалните мрежи се појавија нови слики и видео од Мицкоски во теретана. Повторно! Од она што беше видливо од видеото е дека веројатно теретаната е отворена специјално за Мицкоски, а тој е во придружба на бодигарди кои носат ракавици?! Инаку, Мицкоски во овој период жестоко ја критикува здравствената власт за нивниот одговор кон пандемијата и секојдневно истакнува дека единствено нешто што го интересира е здравјето на граѓаните.
  2. ОТСЈАЈ: После втората објавена снимка Мицкоски тврдеше дека е мета на одредени портали, а снимките се стари и не датираат од овој период. И можеби некој ќе проголташе дел од кажаново, ако министерот за внатрешни работи не се вклучеше во одбрана на својот лидер, па во едно телевизиско гостување излезе со тврдење дека снимката е од октомври, а луѓето во теретаната не носат ракавици, туку тоа е отсјај на рацете од светлината. Подобро да не го бранеше?! Колку оваа изјава ја навредува здравата интелигенција и колку самата по себе е апсурдна говори фактот дека Чулев никогаш во својата кариера немал поголема популарност и внимание на јавноста од тие 5 неверојатни минути посветени на одбрана на Мицкоски, а “отсјајот” му ја обележа кариерата и веројатно ќе му остане заштитен знак.

  • ПРИТИСОК ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ИСТРАГАТА: Од вчерашната изјава на ТВ 24 на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, се отвори една нова димензија на случајот теретана.

Оттука, нејасно е зошто на Мицкоски толку многу му се брза да се затвори истрагата за теретаната и тоа со ургенции преку свои контакти во МВР, ако бил целосно искрен пред себе и пред јавноста. Во едно неодамнешно интервју во врска со овој случај дури себеси се нарече и “жртва на кампања”. Како тоа “жртва на кампања” врши притисоци во МВР и зошто не дозволи да се докаже дека сè било само отсјај, а тој секако ќе триумифира и ќе ја потврди својата искреност пред граѓаните, оние што треба да го гласаат?

  1. ЌЕ ИМА ЛИ ДОБЛЕСТ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ?

После вчерашните наводи на дополнителната заменичка миинистерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на социјалните мрежи се поставува прашањето дали Мицкоски ќе има доблест да се повлече од лидерската позиција ако се докажат наводите на Петровска?!

Дали Мицкоски навистина беше математички прецизен во описот “пропаднат спортист” ќе дознаеме наскоро, а дали тоа ќе го следи и во политиката останува да видиме?!

Анализата е преземена од порталот Граѓански збор. ЛИНК до анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e