(ФОТО) Дали тоа ВМРО-ДПМНЕ си тера кампања за изборите што не ги сака?!

Како што изјави и самиот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ сега не може да мисли на избори затоа што лидерот на опозицијата во моментов мисли исклучиво на здравјето на граѓаните. Изборите не му се приоритет, приоритет му е исклучиво грижата за здравјето на граѓаните. Ама дали сè позачестените фалби на социјалните мрежи на партиските активисти на ВМРО-ДПМНЕ даваат една поинаква слика за реалноста од онаа лажната слика што Мицкоски сака да ни ја сервира?!

  • ТЕРЕНСКИ АКТИВНОСТИ

Оние што деновиве се многу гласни со обвинувањата на тема поткуп, очигледно се мошне активни на терен. Истите тие секојдневно и се обраќаат на јавноста и обвинуваат за поткуп, меѓутоа забораваат на една суштинска разлика, економските мерки на техничката влада, во која патем учествуваат и самите тие, во никаков контекст не може да се толкуваат како поткуп или да се едначат со активностите на опозицијата. Во услови на криза, Владата, каква и да е – техничка или политичка, има должност и е повикана да одговори на потребите на граѓаните, посебно на оние категории кои се најзагрозени или најпогодени од кризата. Тоа е нејзина должност. Постои и нешто друго што не е должност, туку добра волја, а тоа се емпатијата и солидарноста. Тука ВМРО-ДПМНЕ останаа глуви. Опозицијата во време на најголема криза кога сите политички и неполитички субјекти во државата донираа кој колку може, НЕ ДОНИРАШЕ НИШТО, ама сега очигледно заради некакви предизборни калкулации (за изборите кои не ги сака) е сè поприсутна на терен со пакетчиња.

  • СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ

“Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања. Ние сакаме избори со нормална кампања. Мора да имаме избори во кои ќе можеме да се презентираме на граѓаните со сите теренски активности и митинзи” – вака потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, коментираше пред неполни две недели.

Во меѓувреме, сведоци сме дека опозициската партија закажува средби со граѓани со цел претставување на кандидатите за пратеници. Дали тоа значи дека според ВМРО-ДПМНЕ сега конечно дојде време за нормална кампања, па затоа закажува средби со граѓани?! Па, оттука нејасно е ако е погодно време за сè друго, зошто не е за избори или единствена цел на опозицијата е да купува време?!

Анализата е преземена од порталот Граѓански збор. ЛИНК до анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e