Еуропа здај

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

-Да викнеш навивачки групи на одбележување на 115-годишнина на Илинденското востание да ти скандираат во знак на поддршка „Мртов шиптар е добар шиптар“, не значи дека си глупав, како што многумина уште му одбиваат на глупоста на претседателот Ѓорге Иванов. Значи дека си зол манипулатор кој е подготвен да го испогани и делото на Илинденците во кои се колне партијата што го донесе на власт, само за да ги спаси неговите спонзори од затвор. Па уште и проба да се влече на славата на Киро Глигоров, кој баш неговите поддржувачи го плукаа и додека беше жив и по смртта.

Иванов на Мечкин Камен не им се помоча само на гробовите на Илинденците. Го избербати Крушевскиот манифест, му се исмеа на заедништвото врз кое се темелеше Крушевската република, ја понижи современата македонска држава која е незамислива без соживот. Иванов уште нѐ држи сите во заложништво поради криминалите на Груевски, а очигледно за и самиот да се спаси за злоделата што ги направи, од аболицијата, преку 27 април до денеска. Па како што тие што сака да ги спаси од затвор 11 години ја држеа киднапирана и партијата и државата, тој успеа да ја киднапира и прославата на Илинден.

И ако и по овој настан на Мечкин Камен уште не ви се допаѓа Преспанскиот договор, ако уште се лутите дека името Северна Македонија е понавредливо од ФИРОМ, ако уште имате оправдување да немате став оти не ве интересира политика и „сите се исти“, и ако уште викате дека за инает, или којзнае зошто нема да излезете на референдум, и ако уште мудрувате дали било фино да е консултативен, или задолжителен и дали прашањето било двозначно, трозначно или којзнае колкузначно, и ако сте за ЕУ, ама не за НАТО, или обратно, како и да ѐ, продолжете со мудрување. Ако и по овој практичен показ на Иванов на Илинден не ви е јасно во каква иднина ве води тој и тие што треба да ги спаси од затвор, бојкотирајте. Вратете го Груевски. Тој ќе ве праша што мислите, тој ќе ви смисли и поубаво прашање за референдум, тој ќе ве внесе и во ЕУ и во НАТО.

А ние што уште сме останати без бугарски пасоши, дај уште сега да си фатиме ред.

Целата колумна на СДК на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e