Економијата здраво расте по подолг период од неколку години!

Силниот раст на економијата во вториот квартал покажува две работи:

Прво, дека економските политики на теренот што се водат од формирањето на оваа влада до денес даваат директни резултати сега! Пред се во делот на инвестициите и домашни и странски! Го ставам во залог целото мое економско знаење и уверување дека реформскиот пат и инвестициониот пристап е исправен! Дава резултати.
Економијата здраво расте по подолг период од неколку години! Очекувам во 2019 драматицен раст!
Она што е многу важно е вака да продолжи во следните четири до пет квартали … Овде не се потребни надворешни шокови! Ова како предупредување, оти ние овде сме научени со две три “мутави финти” се да расипеме!

Второ, растот има директна врска и со растот на оптимизмот кај граѓаните и компаниите генериран од договорот со Грција и очекувањата од голем и позитивен резултат од референдумот!

Оттука, заклучокот е дека референдумот несомнено ке успее!
Доаѓаат добри денови! Малку трпение, а многу повеќе работа!

убав викенд

Љупчо Зиков

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e