Едно општество за сите, ама за сите!

Не може да биде министер/ка човек што можеби има изострено чувство за рамноправност по етничка основа, но затоа нема никакво разбирање за родовата еднаквост и различната сексуална ориентација од неговата/нејзината.

Во овој и веројатно во уште неколку наредни текстови, ќе се обидам да дадам јавен и позитивен придонес кон градењето на конкретни делови од програмата, политиките и практиките на новата влада. Можеби дел од моите читателки и читатели ќе мислат дека ова се малку здодевни четива, веројатно со право, но ги замолувам да ги прочитаат со внимание и да се вклучат во дискусијата по неколку важни прашања. Па не мора сè да биде забавно и скокотливо, нели?

Денеска сакам да дадам мал придонес кон една од најважните стратегии за нашата земја, низ неколку оценки за работата на претходната влада. Ве молам, бидете трпеливи и прочитајте до крај.

Нема сомнение дека Основите на концептот „Едно општество за сите“ ги создадоа десетиците илјади граѓанки и граѓани кои секојдневно демонстрираа на улиците на македонските градови барајќи слобода, демократија и еднаквост во последните години на режимот на Груевски.

Шарената револуција беше решавачката пресметка со режимот и покажа дека Северна Македонија е мултикултурно и мултиетничко општество. Во неа учествуваа граѓанки и граѓани од сите заедници во нашата земја. Оваа шарена граѓанска револуција беше движење во кое луѓето учествуваа како индивидуи, без оглед на нивната припадност или ориентација – етничка, верска, родова, социјална, политичка, сексуална…

Со паѓањето на режимот, сепак, не заминаа и разликите и поделбите, но ним силно им беше спротивставена стратегијата „Едно општество за сите“ која стана дел од владините политики и практики. Постоеше, како што и сега може да се препознае силната решеност да се гради општество на еднакви и слободни луѓе. За тоа да не биде само празна декларација без суштина, дел од водечките политички структури во земјата направија многу за тоа да стане реалност во нашата земја.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e