Двете лица на ВМРО-ДПМНЕ, на кое да му се верува?!

На кое лице на ВМРО-ДПМНЕ да му верува еден обичен граѓанин кој секојдневно ги следи прес-конференциите и изјавите на челните лица на најголемата опозициска партија? Конфузни во изјавите, конфузни во ставовите и со таквата безидејност ја држат во неизвесност иднината на целата држава. Како е можно ваков крупен политички ентитет да функционира без никаква стратегија, програма, каква било насока која би ги одвела до целта? А, целта нели е да се вратат на власт?! Наспроти тоа што би било очекувано и нормално, односно ВМРО-ДПМНЕ со сите сили да се бори да се дистанцира од претходната груевистичка ера и со нови, свежи идеи да го придобие електоратот, ВМРО-ДПМНЕ изгледа свесни какви им се прогнозите на следниве избори, секој свој следен потег го базираат на чекорот на нивниот најголем политички опонент, односно се водат исклучиво по тоа секогаш да се ПРОТИВ сè во државата, па макар и на сопствена штета.

  • ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ најавува можност да ги бојкотира истите избори што ги бараше и ги доби;
  • ВМРО-ДПМНЕ се грижи исклучиво за здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во услови на пандемија вели ќе одат на избори само ако има митинзи, не сакале Фејсбук кампања;
  • ВМРО-ДПМНЕ се противи на вонредна состојба, ВМРО-ДПМНЕ е за продолжување на вонредна состојба;
  • ВМРО-ДПМНЕ воведените рестриктивни мерки ги смета за дискриминирачки и антидемократски, на ВМРО-ДПМНЕ не му е јасно зошто се укинати мерките;
  • ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека антикризните мерки се поткуп, партиски активисти на ВМРО-ДПМНЕ делат пакети со симболи на партијата;
  • ВМРО-ДПМНЕ е за почитување на мерките за спречување на ширење на коронавирус, функционери на ВМРО-ДПМНЕ први ги кршат мерките и не се залагаат за санкционирање на прекршителите на овие мерки;
  • ВМРО-ДПМНЕ чинот на гласање го смета за опасен, а ВМРО-ДПМНЕ не објасни како гласањето е поопасно од разноразните настани, манифестации, групни прослави и собирања кои ниту ги осудија, ниту ги санкционираа.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да не се одржат избори бидејќи на потесното раководство  веќе му е јасно дека тоа сценарио може да избрише од политичката сцена некои чудно амбициозни политички кариери. Па, на кое ВМРО-ДПМНЕ да му веруваат оние што утре треба да излезат да гласаат? Кое гласачко тело може да ги следи сите дијаметрално спротивни промени во ставовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се менуваат од ден во ден, зависно од тоа што е најповолно за раководството на партијата во дадениот момент. ВМРО-ДПМНЕ не е само раководството, ама отсуството на политички талент кај некои клучни луѓе во партијата во моментот не им дозволува да погледнат подалеку од одаите на Белата палата.

Анализата е преземена од порталот Граѓански збор. ЛИНК до анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e