ДПМНЕ Крушево нека научи што е тоа демократија

ДПМНЕ Крушево како опозиција го има целото право да ги критикува политиките на локалната и централната власт, за жал ние во време на опозиција тоа право го немавме. Но, истовремено, ДПМНЕ треба да биде спремна да добива одговори на она што го пишува, изјавува и зборува. Очигледно, тоа не можат да го поднесат.

На секој одговор или контра критика од страна на крушевскиот градоначалник, општинската организација на СДСМ во Крушево или пак граѓанин кој јавно се прокламира како поддржувач на владејачката партија приврзаниците на ДПМНЕ Крушево глумат жртви. И тоа не било кој, истите оние ликови кои до пред 2,3 години „палеа и гасеа“ во Крушево и оние кои денес се на највисоките локални позиции, а никаде ги немаше 11 години. Штом на нивните критики одговори владејачакта партија веднаш тоа за ДПМНЕ е навреда, притисок, закана, а кутрите, не знаат вистински што е тоа затоа што никогаш не биле жртви на такво нешто. Режимот кои тие го поддржуваа за многу крушевчани донесе бркање од работа, притисоци на работно место и приватен живот, закани со тужби и тепање. ДПМНЕ Крушево не знае ништо од тоа, а не знаат ни што е демократија за да водат конструктивна дебата.

ДПМНЕ Крушево, барем овие предводници во денешно време, се’ уште не можат да прифатат дека некој има поразлично мислење од нив, се’ уште не можат да се одвикнат од нивното време, кога место на јавната сцена и социјалните мрежи имаше само за оние кои се ВМРО.

Така што, ДПМНЕ Крушево да не се „сакалдисува“ и да прифатат дека власта ќе критикува, ќе одговара на нивните прозивки, но никогаш нема да ги користи нивните методи – да користи насилство за спротивставено мислење како што тоа тие најдобро го право. Режим никогаш повеќе, ама опозиција уште некоја година.

Сотир Габелоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e