ДПМНЕ барем десет години нема да дојде на власт

А бе ДПМНЕ ЛОПОВСКА, секој ден имате што да кажете. Те влез во НАТО и ЕУ, те критики за новата власт која едвај една недела владее, те предлози за ова и она, те бајки за вашата сплотеност во партијата како никогаш порано. Вашиот невкус и немање мера од градителството ви се прошири на односите со јавноста.
Ќутете минимум три години покриени под јорган, чистете си ја расипаната фашизоидна карма и партиските редови од глупаците и апашите, па после откако ќе му се извините на народот за она што му го направивте додека владеевте, побарајте дозвола да бидете конструктивна опозиција. Вака сте како орекстарот на Титаник кој свирел додека бродот тонел. Ама оркестарот свирел од пркос кон смрта, избирајќи достоинствена смрт, а вашиов оркестар свири зашто уште живее во опасна делузија дека брзо ќе се врати на власт на чело со лудакот Груевски.
Манете ја таа ќорава комбинација. ДПМНЕ барем десет години нема да дојде на власт. За ова можам да ви потпишам гаранција со двете раце и треќата нога.

Фејсбук статус на актерот Сашо Тасевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e