Димковски: Дали дополнителниот заменик-министер знае како оди исплатата на субвенции?

„Поткуп на земјоделците” – тотално непознавање на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството – Дали дополнителниот заменик-министер знае како оди исплатата на субвенции – во која година е аплицирањето и во која година се вршат исплатите ?
Дали дополнителниот заменик-министер знае дека Програмата за финансиска поддршка во земјоделството законски е да се врши исплата во наредната година. Дали дополнителниот заменик-министер знае која е процедурата за аплицирање и исплата на субвенции? Но, еве ќе му појасниме. За пример ќе ја земеме 2019 година, ажурирањето на податоци на податоците во Единствениот регистар на земјоделски стопанства траеше до 15 март. Потоа следуваше поднесување на барања за субвенции до крајот на јуни, за потоа да се пристапи кон административно прегледување на податоците и контрола на терен. Откако ќе заврши оваа процедура следува исплатата субвенциите за мерките Програмата за финанскиска поддршка во земјоделството за 2019, за којашто законскиот рок е до јуни 2020 година.
Почитувањето на оваа процедура не е поткуп туку навремена, неселективна исплата на субвенциите и вистинска грижа за земјоделците. Нема веќе исплата по списоци, секој земјоделц што ги исполнува критериумите добива субвенции.

ФБ статус на Трајан Димковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e