Дилема и потсмев: Организатор против поскапувањето на струјата не е никој друг, туку човекот во чие време плаќавме најскапа струја

Нема никаква дилема дека опозицијата има право и треба да протестира. Тоа го правел во минатото, а ќе го прави и во иднина секој опонент на власта. Секако, сме го правеле и ние кога сме седеле во опозициските столчиња во Собранието.
Она што создава дилема, но и потсмев, е фактот дека организатор на сегашните протести на опозицијата против поскапувањето на струјата не е никој друг, туку човекот во чие време плаќавме најскапа струја. Прв во редовите е токму Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕСМ (ЕЛЕМ).

Пред да дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ, во 2006 година еден киловат час електрична енергија домаќинствата ги чинеше 2,37 денари. Откако Груевски и Мицкоски дојдоа на власт, цената на струјата поскапуваше континуирано, за да во 2016 година цената достигна рекордни 4,28 денари. Тоа значи дела граѓаните плаќале најскапа струја токму во времето на
Мицкоски.
Понатаму, тој до денешен ден не кажува дека оставил и склучени договори и тендерски постапки во тек, во висина од неверојатни 94 милиони евра за изградба на Рајски градини, барокни згради и фасади, катни гаражи, конгресни центри и слични фантазии.

Мицкоски е единствениот директор во историјата на ЕСМ, во чие време ниту се градел, ниту бил во тендерска постапка барем еден енергетски капацитет.
Зошто на протестите, верниот чувар на столчето на Груевски не кажува дека производството на ЕЛЕМ драматично паѓа од 2013 година па наваму. Убедливо, најмало производство на струја ЕСМ оствариле токму во 2017 година. Во 2018 година, со доаѓањето на СДСМ на власт, производството е зголемено за 45 GWh, а нагорниот тренд продолжи и во 2019.

Мицкоски упорно одбегнува да и’ даде одговор на јавноста зошто на 27 декември 2016 година побарал од Регулаторната комисија за енергетика, пред која, гледај чудо, денес протестира, да го одземе правото ЕВН да увезува електрична енергија и пред Нова година, без никаква транспарентност, за тоа да го задолжи ЕЛЕМ ?
Не објаснува ниту зошто веднаш потоа, во јануари 2017 година, ЕЛЕМ набавил електрична енергија за 6,5 милиони евра, по цена, која е повеќе од два пати повисока од цената по која МЕПСО купувал струја во истиот период?

Затоа, ќе си дозволам на Мицкоски да му порачам дека неговите обиди да си ја зачува партиската лидерска фотелја преку организирање на протести и манупулација на сопственото членство, се јасни и лесно прочитливи. За него, партискиот Конгрес, кој најавува крајно сериозна закана дека ќе му биде и последен, е далеку поважен од грижата за граѓаните.
Жалосно, зарем не?

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e