Дерала: Знае ли Макрон?

Има право Макрон кога вели дека мораме да работиме повеќе во многу сектори. Па, тоа уште погласно и подиректно ни го кажуваат и други големи демократски земји, како што е Германија, на пример. И ни помагаат, со сериозни финансии и експертизи, да ги надминеме последиците од 11-годишното дивеење на режимот на Фамилијата. И им благодариме за тоа. Прашање е колкава поддршка ние добивме од земјата чиј претседател е Емануел Макрон. – пишува Џабир Дерала во својата најнова колумна за Фронтлајн.

Во право е Макрон и кога вели дека процесот на зачленување во ЕУ треба да се подобри и да стане „реверзибилен“, да може да се враќа процесот и да се проверуваат постигнатите резултати во реформите. Па, тоа е одлична идеја! Со тоа може само да ни помогне и нам, на граѓанките и граѓаните, со тоа што владата и институциите ќе бидат постојано на штрек и ќе бидат поодговорни кон одржувањето на ветувањата, а реформите ќе ги направат трајни, а не козметички!

Сепак, францускиот претседател, би требало да знае дека неговите сограѓани нема ни да забележат дека ЕУ започнала преговори со две мали земји од кои едната е прашање дали има два милиони, а другата три милиони жители.

И Макрон сигурно добро знае дека недобивањето датум за Северна Македонија, а веројатно и за Албанија ќе значи политичка криза, а сосема можно и економска, па и безбедносна. – пишува Дерала.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e