Дерала: Кампања со лаги и фалсификати има успех на краток рок, но потоа пропаѓа

Време е за преиспитување и одговорност. Кампања со лаги и фалсификати има успех на краток рок, но потоа пропаѓа. Откако еднаш ќе падне еден режим како оној на Груевски, истите лаги не помагаат тој потоа и да се врати. Ни кражбите на слогани и пораки што некогаш беа насочени против режимот не можат да им помогнат. Не сончева, не месечева, како сакаат нека си го наречат дефилето. Секоја лага има рок на траење, колку и да се обидуваат лажговците да ја заштитат со дебели пластови од нови лаги и манипулации, пишува Џабир Дерала за „Фронтлајн“.

Често се цитира една изрека во која се вели: „Ако кажеш лага доволно голема и ако постојано ја повторуваш, луѓето на крајот ќе поверуваат во неа“. Се заборава дека овој став најчесто му се припишува токму на Јозеф Гебелс. Произлегува и од ставовите изнесени во „Мајн кампф“ на Адолф Хитлер кој во својата книга зборува за „Големата лага“ за која ги обвинува токму Евреите.

Но, тоа на подолги патеки не е точно. Особено во време на вртоглав технолошки и комуникациски напредок. Се работи за свеста и совеста, поточно за спремноста на луѓето да ги проголтаат лагите, колку и да се големи, или не. Бидејќи, една голема вистина стои наспроти лагите:

Гласно и безброј пати изговорена лага, на крајот, останува само ЛАГА.

Целата колумна на следниот линк!

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e